clip

зошто треба да вежбаме

ЗДРАВО СРЦЕ

Вежбањето прави вашето срце да пумпа крв, а со оглед на тоа што срцето е мускул, на тој начин и се зајакнува и станува поиздржливо. Болестите на срцето се нависина чести, но можете да ги намалите преку вежбањето.

ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА РАБОТА

Многу истражувања ја поврзуваат продуктивноста на работа со вежбањето. Едни објаснуваат дека тоа е така затоа што вежбањето ви дава можност да го ослободите умот од проблемите, а други веруваат дека причината лежи во тоа што дополнителниот ендорфин помага да се чувствувате поодморени и полни со елан.

ЦВРСТИ КОСКИ

Доколку сакате цврсти и здрави коски во подоцнежните години, би требало редовно да вежбате. Дигањето тегови помага во борбата против остеопороза.

ЧИСТА КОЖА

Иако на прв поглед при вежбањето кожата изгледа како да се поти па ви се чини дека ќе ви се појават мозолчиња, тоа не е точно. При вежбањето е зголемен протокот на крв во лицето и исфрлувањето на нечистотиите преку потта, со што се подобрува изгледот на вашата кожа.

ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА

Вистина е дека после вежбањето ќе бидете уморни, но веројатно една од најголемите предности на вежбањето е баш тоа што подоцна ја зголемува енергијата. Луѓето кои редовно вежбаат помалку се жалат на умор.

ПОДОБАР СОН

Вежбањето неколку пати во текот на неделата влијае позитино на квалитетот на сон.

ПОДОБАР ИМУНИТЕТ

Редовно вежбање може да му помогне на вашето тело да се избори со настинките, грипот и останатите вируси. Но немојте да претерувате.

СПРЕЧУВА ПМС СИМПТОМИ

Вежбањето ги олеснува болките во тој период, и ги намалува грчевите во стомакот.

ЌЕ БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ

И луѓето кои не вежбаат често, по вежбањето се чувствуваат подобро. Тоа е така затоа што мозокот испушта поголеми количини ендорфин кој влијае на подобрување на расположението и тоа со часови, па дури иденови после вежбањето.

НАШИАКТИВНОСТИ

case

ПИЛАТЕС

case

MIX AEROBIC

case

BODY COMBAT

case

BODY АТАК

case

STEP AEROBIC

case

ЗУМБА

НАШИТЕ ИНСТРУКТОРИ

Со нашите инструктори, секогаш ќе бидете во ТОП ФОРМА.

Jhon Statham

НЕНАД

BODY COMBAT/BODY ATTACK/ПИЛАТЕС

David William

БИСЕРА

ПИЛАТЕС

Robert Dany

БЛАГОЈА

ZUMBA/AEROBIC DANCE

Ana Mariea

ЕЛЕНА М.

MIX AEROBIC/STEP AEROBIC

БМИ Индекс

Индекс на телесна маса (БМИ) е мерка на телесните масти врз основа на висината и тежината што важи за возрасни мажи и жени.
БМИ СОСТОЈБА
Под 18.5 Под нормална тежина
18.5 - 24.9 Идеална тежина
25.0 - 29.9 Прекумерна тежина
30 и повеќе Гојазност

ПРЕСМЕТАЈ ГО БМИ